Вистинското прашање е што се случува тогаш кога веруваш во нешто спротивно од верувањата на толпата?

Се сеќавам на 25.09.2019 – маршот по повод одбележување на „неделата на промоција на хумани вредности“ од страна на Слободен Печат – Скопје беше објавена слика каде што одредена личност држи хамер на кој со големи букви имаше напишано:
„Попреченоста доаѓа од општеството, не од нашите тела и дијагнози“.

Тоа не се однесува само на лицата со телесна попреченост, тоа се однесува на сите работи кои ни се случуваат во нашиот живот. И оние „невидливите“ т.е психичките проблеми, менталните болести.

Постојано ги гледаме работите околу нас, но ретко кој ги забележува тие исти работи.

Наводно реченицата „ништо не ти е“, тогаш кога се распаѓаш во себе. Сфаќаш дека луѓето го живеат цел живот без воопшто да пронајдат што тие навистина сакаат и живеат „нормален“ живот. Почнуваш да бидиш повеќе молчалив од порано. Некогаш една најмала работа, еден збор ти делува како стресор „окидач“ и наеднаш на површината излегуваат сите тие работи кои долго време биле во тебе.. долго време си ги одгледувал несподелувајќи ги со никој. Сфаќаш дека крајот на твојот живот започнува баш тогаш.. бидејќи почнуваш да стануваш тивок за нештата кои ти значат. Пробуваш да смениш работи, сменуваш адреса, сменуваш број, вежбаш секојдевно, пиеш 2 литри вода, се храниш здраво.. бидејќи така те советуваат социјалните мрежии, најблиските. Се оддаваш на некој порок, гледањето на кафе е порок, пиењето на алкохот со цел краткотрајно да ги избегнеш проблемите е порок.. Пушењето на марихуана е порок што не е толку често спомнуван колку што е користен, бидејќи нели.. илегално е. Молењето, постојаното посетување на верски објекти е вид на порок. Помагањето на другите со цел да се чуствуваш добро со себе си е порок. Па и сексуалните односи се еден вид на порок. Без разлика за кој порок станува збор, имаш одредена доза, ја земаш таа доза.. доколку ти е потребно повеќе земаш повеќе. Но, што кога стануваш целосно зависен од тој порок? Влегувањето од една врска во друга е исто порок.. И конечно сфаќаш дека ништо од тоа не ти помага. Ако си доволно „среќен“ да ја имаш таа самосвест или барем една личност која ти нуди поддршка, еден прочитан статус или цитат или барем една книга која на некој начин би ти го сменала размислувањето на подобро, бараш помош за твоите проблеми. Стануваш свесен дека не си само ти соочен со тие проблеми. Сфаќаш дека има многу други што се соочуваат со исти или барем слични проблеми. И нормално, повторно ако си среќен, ќе најдиш помош… или ќе се помириш дека „така требало да биди“ и ќе продолжиш да ги користиш тие пороци со единствена цел.. бегство од реалноста.

Алберт Камус (француски автор, филозоф и добитник на Нобелова награда за литература во 1957) еднаш рекол „На крајот на краиштата, на човекот му треба поголема храброст за да живее одколку да се убие“.

Но што кога ние како поединци во нашата глава, како единствено решение го гледаме самоубиството?

Всушност краток и многу добар опис на оваа „проблематика“ е книгата „Вероника реши да умре“ од Пауло Коејло (познат бразилски писател). Вероника е 24годишна девојка која гледано од било која друга перспектива, освен нејзината, е успешна личност. Успеала да дипломира, вработена е, се забавува, има момчиња.. но што таа навистина чувствува? Тоа е таа реченица „ништо не ти е“ баш тогаш кога се распаѓаш во себе. Иако другите и љубоморат на некој начин на работите што ги направила и ги прави.. на целата таа „среќа“ и „забава“ што ја има, Вероника сепак животот и државата во која живее ги гледа како мизерни. Единствен излез што го пронаоѓа во тој момент и се таблетите кои ги испива т.е едиствено решение и е самоубиството.

За жал во светот секои 3 секунди некоја личност помислува на самоубиство, секои 40 секунди некој се самоубива. 2 од 3 личности кои сакаат да се самоубијат се депресивни. Според светската здравствена организација, депресијата е втора водечка причина за смртност кај 15-29 годишни, веднаш по сообраќајните незгоди.

Писателот преку ликот на Вероника ни ја прикажува денешната младина, нивната душа и размислувања.. нивното сфаќање дека животот е бесцелно талкање.. барањето на причина која би ги оддржала во живот. И многу честата одлука за самоубиство, но во оваа книга со еден поинаков крај кој ни носи поука за животот.

Вероника на некој чуден начин останува жива. Откако се разбудува сфаќа дека е во психијатриската болница „Вилет“. Таму таа се соочува со најразлични предизвици и сфаќа дека ние всушност сите имаме своја посебна дефиниција на тоа „нормално“. Таа уште кажува и дека најголема, најсериозна болест е желбата да бидеш ист како сите други..

„Реалноста е она што повеќето луѓе мислат. Тоа не е секогаш најдобро или најлогично, но е прилагодено на желбите и аспирациите на општеството. Нешто се заснова на здравиот разум, но нешто мора да се поправи, а се повеќе луѓе мислат дека треба да биде така.“ – Вероника реши да умре

Или со други зборови кажано имаме одреден тек на работите. Реалноста ни е приказна од некојси самопрогласен експерт. Одиш на училиште, па доколку твоите имаат финансиски средства одиш и на факултет, па се вработуваш.. Ја пронаоѓаш онаа вистинската личност за твојот живот, имаш деца и живееш среќно до крајот на животот. И сосема во ред е да го правиш тоа ако го сакаш. Сепак има и една лоша страна, најголем дел од луѓето не сакаат да живеат таков живот, свесни се за тие работи но сепак сеуште го продолжуваат тој круг и ги учат и присилуваат на некој начин и нивните деца и нивните најблиски да го живеат тој мизерен живот.

Бернар Вербер рекол „Реалноста е она во што верувате“.
Вистинското прашање е што се случува тогаш кога веруваш во нешто спротивно од верувањата на толпата? – beu20

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот