Нов вид на телефонска измама! Во прашање е голема измамничка група која што има за цел да ја испразни вашата банкарска сметка. Прочитајте внимателно и доклоку добиете ваков телефонски повик веднаш прекинете ја телефонската врска, во спротивно може да бидете финански оштетени.
Оваа вест за новата измама е исклучително важна, затоа не ја пропуштајте! Дури не е ни лоша идејата да си ја зачувате оваа информација на видно место, за да може почесто да ве потсетува на опасностите на телефон и на интернет. Сите ние треба да научиме дека не се сите добронамерни како нас, има многу луѓе кои што сакаат да наштетат на останатите и да се збогатат на туѓа мака. Колку побрзо го разбереме ова, толку побрзо ќе го намалиме ризикот од правење грешки.
Оваков вид на грешка може да ве чини цела ваша заштеда, бидејќи може да ја испразни вашата банкарска сметка за само 2 минути. Работите се навистина сериозни, па бидете внимателни !!!
Доколку ги слушнете овие зборови на телефон, прекинете ја врската на телефон веднаш! Зборовите се едноставни: „Дали ме слушаш?“, „Ало, дали се слушаме?“, Или „Не ве слушам, дали вие ме слушате?“… Прашања од ваков вид.
Целта на криминалците овој пат е да добијат одговор „Да“. Измамникот што се наоѓа од другата страна на телефонската врска ќе ви го сними гласот со „Да“.
Со ова „Да“, криминалците последователно ќе имаат можност да направат финансиски трансакции и набавки во ваше име. Затоа, доколку веќе сте го добиле овој повик и сте одговориле со „да“ најдобро е веднаш да ја известите банката, да направете трансфер на сретствата, па дури и да ги повлечете парите од вашата сметка за да се заштитите.
Меѓу првите пријавени случаи на оваа измама беше 51-годишната Марија:
„Денеска околку 7:45 часот добив телефонски повик од една средновечна жена, или барем така звучеше. Имаше ведар глас и кога дигнав на телефон, таа ме праша „ Ало, дали ме слушаш?“ Реков да, од каде можев да претпоставам што ќе се случи следно. Разговаравме само неколку секунди. Таа ме праша од каде сум, а јас искрено и одговорив дека сум од Скопје. За тоа време измамниците добиле пристап до личните информации на мојата банкарска сметка “, рече Марија.
Бидете внимателни и придржувајте се кон следниве препораки:
- не реагирајте на говорна пошта од непознати
- не ја користете тестатурата на вашиот телефон доколку некој го побара тоа од нас преку телефон
- не го давајте телефонот на непознати на улица кои трвдат дека им се исклучил нивниот телефон или немаат кредит
- не одговарајте на телефон со „да“или „важи“, доколку разговарате со непознати на телефон
- не отварајте и не одговарајте на сомнителни пораки на телефон
- не отварајте и не одговарајте на сомнителни е-маил пораки преку вашиот телефон (особено доколку порака започнува со зборовите „вашата трансакција беше неуспешна“)
- не ги споделувајте вашите податочи на сомнителни наградни игри на интернет
- доколку добиете сомнителен телефонски повик, не заборавајте да го запишете телефонскиот број
Не заборавајте да ги споделите информациите со вашите роднини и пријатели, затоа што можете да помогнете!
Мора да сте логирани да напишете коментар.