Купувањето на парфем е посебена, мистична и деликатна работа. Исто така процес кој што се разликува од тоа што го купуваме секојдневно: леб, облека, козметика, препарати за домаќинство. Наспроти тоа кога купуваме облека го купуваме тоа што го гледаме и што ни точно. Но тоа не е така и со парфемите. Парфемите може да имаат различни форми и големи, да се брендирани и многу други специфичности но целта е да се добие посакуваното траење и мирисот кој ние сакаме да го носиме во одредена прилика. Кога над се тоа ке ја ставиме гласната музика, куп на продавачки што нудат да помирисате различни брендови кои што ги добиле денес или само што им пристигнале тогаш купувањето на парфем наместо убаво и релаксирачко чувство се претвара во кошмар. Помирисавте премногу и се ви се измеша во главата? Да и сега не знаете што да одберете. Сето тоа е нормално. Иако самиот процес на купување на парфем опфаќа збир на големи и мали чекори најважни се само 3 од нив.
ОДБЕРЕТЕ ПАРФИМЕРИЈА
Пред да решите каде ке пробувате парфеми најпрво и најважно е да одберете парфимерија. Гледајте тоа да биде место со пријатен амбиент и добро опремена со тестери. Гласната музика и многу луѓе ве дезориентираат и ви го расипуваат мислењето кое го имате за парфемите и неможете во целост да ги разгледате деталите до совршенство создадени од креаторите на парфеми. Исто така нема да можете да почуствувате ни најмал дел од сето тоа доколку пред вас има куп луќе кои што пробуваат различни парфеми даваат критики, совети и слично. Ке се почуствувате како далтонист во збирка со слики. Моја препорака е да изберете период од денот кога во трговскиот центар и парфимериите нема многу гужва. Се препорачува во утринскиот период веднаш по отворањето на парфимеријата бидејќи тогас просторијата е проветрена и амбиентот е смирен, или доколку не можете најдобро е во доцните попладневни часови. Немојте да им замерувате на продавачките кои ви нудат парфеми кои мислите дека не ви се допаѓаат. Тоа го прават за да продадат повеќе од тој бренд но така функционира трговијата. Вашата цел е да го пронајдете вашиот идеален парфем. Имајте на ум дека постојат и парфимерии во кои обуката на ваботените е многу лоша па и тие колку вас се разбираат во парфеми и неможат да ви понудат повеќе примероци за да можете да се одлучите. Доколку ја имате таа среќа да наидете на продавачка која многу добро ја познава областа на парфемите тогаш обидете се да ја запаметите и нареден пат кога ке дојдете повторно да ја побарате. Кога сето ова го зедовте во предвид тогаш да преминеме на следниот чекор.
ПРОБУВАЊЕ НА ПАРФЕМИ (ТЕСТИРАЊЕ)
Најважен дел од процесот. Единствен процес во кој ке се т.н. изгубите поради присуството на различни мали големи или минијатурни шишенца во различни форми, стилови, обливи, концентрации кои ке ве зашеметат. Имаме само ограничен дел на кој што можеме да испробуваме парфеми а тоа е дел од кожата и носот кој многу брзо се заморува и заситува. Предлог кој ќе ви ја олесни ваквата ситуација е со себе да носите блокче и пенкало а може доколку има тестери во парфимеријата во едно ковертче да спаковате се што се пробале и да го запишете. Па одете дома размислете и помирисајте. По сето тоа ке знаете дали парфемот е силен, дали има одредена нота што ви се допаѓа, дали е брендиран итн. Избегнувајте на себе да ставате лосион, крем или парфем кога одите во шопинг да купувате парфем. Фокусирајте се на 3 еве и 4 парфеми кои што сакате да ги купите. Доколку испрскате многу видови на парфеми вашиот нос ке се засити многу брзо па може да дојде до онесвестување.
ОДБИРАЊЕ И КУПУВАЊЕ НА ПАРФЕМ
Штом веќе сте размислиле и сте решиле веднаш купете го оној кој што најповеќе ви се допаднал немојте да чекате и да се премислувате. Купувањето на парфем е луксуз тоа е вистина но барем засега тоа е единствениот луксуз кој можеме да си го дозволиме. И запаметете дека не треба да купувате парфем н база на реклама или билборди.
Мора да сте логирани да напишете коментар.