Забранети места - 5 локации кои никогаш нема да ги посетите

 

Некои од најзанимливите места во светот кои сведочат за развојот на цивлизацијата и светот затворени се за обичниот човек. 
Пристапот до нив е забранет, или е ограничен за многу малку луѓе со специјални овластувања, од причина што се работи за многу опасни локации, кадешто животот е изложен на максимална опасност или се во прашање најстрого заштитени места од историско значење, пренесува Sajt 021.

 

Ви претставуваме 5 од нив.

 

 

1. Повелија (Poveglia) - Италија

Ова малечко острово блиску до Венеција се вбројува во едно од најпроклетите места во светот. Напуштено е уште во 1968 година, со затворањето на тамошната психијатриска болница. Пред тоа служел како карантин за болните од Куга.

 

 

2. Област 51 (Ареа 51) - Невада

На ова подрачје во Северна Невада никој под никоја цена не смее да му се приближи, освен тајните служби и војската со посебни пропусници и овластувања.
Областа претставува неформален назив на американската Воена возудушна база „Edward Air Force“.
Долго време се верувало дека во неа се вршеле тестирања на борбени авиони и оружје, но и според разните теории на заговор, била и база во која американската влада ги чувала доказите за постоење на живот надвор од планетата Земја.

 

 

3. Пештерата Ласко (Lascaux complex of caves) - Франција

Овој пештерски комплекс од 2008 година е потполно затворен за јавноста. Станува збор за пештери на чиишто ѕидови се сочувани најстарите слики од добата на палеолитот, за кои се тврди дека датираат 2,5 милиони години пред Новата ера. Пештерите се под заштита на Унеско.

 

 

4. Тајните архиви на Ватикан (Vatican Apostolic Archive) - Ватикан

Длабоко под улиците на Ватикан се наоѓаат писмата на Микеланџело, на шкотската кралица Марија која чекала погубување, но и захтевот на кралот Хенри 8ми за поништување на неговиот брак.

Архивите, кои се во власништво на Папата се проценуваат на околу 35.000 документи, сместени во полици од должина во 83 километри.
Влезот во овие архиви им е дозволен само на мал и избран круг на луѓе кои при влезот минат низ строги контроли. Се работи за луѓе кои се грижат за архивите, но и најдобрите студенти од најпрестижните факултети во светот.

 

 

5. Островот на змиите (Snake Island-Ilha da Queimada Grande) - Бразил

Островот на змиите не го добил своето име без причина. Претставува дом на една од најсмртоносните змии во светот, „Златната змија“ чијшто отров буквално го растопува човечкото месо. Оддалечен е 32 километри од Сао Паоло, и се проценува дека на него се наоѓаат околу 4000 златни змии.

На островото уште се наоѓа и еден светилник изграден во 19. век. На него, по неколку години пауза, смеат да зачекорат човечки нозе и тоа само на врвни научници и луѓе кои се бават со проучување на змиите.

 

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот

Низ мојата омилена парола "Without ART, Earth is just just EH", во прв план и како за мене битни секогаш ги ставам музиката, филмот и уметноста општо. Понекогаш и некоја добра книга, и фудбал секако. Обожавам квизови и енциклопедии, а батериите највеќе ми ги полнат звуците на природата, далеку од метежот и гужвите.