Жан Пол Сартр (Париз, 21 јуни 1905 - Париз, 15 април 1980) бил истакнат француски филозоф, писател (драматург и романописец), критичар и хуманист. Неговите дела и неговиот интелектуален ангажман во животните сфери го одбележале ХХ. век. Познат е и по тоа што често, скоро секогаш ги одбивал признанијата верен на себеси и своите идеи. Во 1964 година ја одбил Нобеловата награда за литература. Главен претставник на егзистенцијализмот, радикален левичар, хиперактивна личност активна и на политичката сцена. Позната е и неговата долгогодишна врска со Симон де Бовоар. На 25 јули 1956 година заедно со нејзе на пропоатувањето низ Југославија, го посетиле и Скопје.
Негово најпознато дела е романот „Тегобност“ (1938), вистинско ремек-дело на егзистенцијализмот, кој првенствено бил под наслов „Меланхолија“ и бил одбиен за издавање во 1936. година.
Други познати дела се „Патишта на слободата“, драмите „Валкани раце“, „Зад затворени врати“, и филозофските дела „Битие и ништожност“ и „Критика на дијалектичкиот ум“.
Ви претставуваме 15 цитати од литературниот и филозофски опус на големиот француски писател.
„Пеколот, тоа се другите луѓе.“
„Кога богатите војуваат, сиромашните умираат.“
„Ако си осамен кога си сам, тогаш си во лошо друштво.“
„Подобро е да се умре стоејќи, отколку да се живее клечејќи.“
„Изгубена битка е онаа за која човекот мисли дека е изгубена.“
„Искуството е најдобро училиште. Само што школарината е многу скапа.“
„Одлучноста е дело, а не збор.“
„Можеби имало поубави времиња, но ова е нашето време.“
„Сѐ е откриено, освен тоа како да се живее.“
„Животот започнува од другата страна на очајот.“
„Мазни и насмеани лица насекаде, но тие имаат урнатини во нивните очи.“
„Како и сите сонувачи, јас го мешам разочарувањето со вистината.“
„Зборовите се наполнет пиштол.“
„Се чини дека сѐ што знам за мојот живот, го имам научено од книгите.“
„Ти си твојот живот и ништо повеќе.“
Мора да сте логирани да напишете коментар.