Дополнителна позитивна енергија е секогаш добредојдена. Во тоа може да ни помогнат математиката и психологијата. За одредени активности научниците докажаа дека го поттикнуваат доброто расположение, а ако комбинираме неколку такви, ефектот може да биде уште подобар.
Пробајте една од следниве комбинации:
- Организација + креативност + активност. На пример, прередете го плакарот, а облеката што веќе не ја носите можете да ја сликате и да ја продадете по половина цена на својот инстаграм-профил или преку некој сајт што се занимава со продажба.
- Слушање на омилената музика+ пеење+ дружење. Организирајте караоке за мало одбрано друштво или за своите дома. Се препорачува тоа дружење да биде на отворено, бидејќи во тој случај во оваа равенка ќе додадете и корисна доза витамин Д.
- Дружете се со животните + волонтирајте + бидете физички активни. Понудете ја својата помош во азил за напуштени животни или договорете се со повозрасните соседи да им го прошетате кучето кога тие не се во можност.
- Подалеку од напорни личности. Важно е да бидете опкружени со позитивни личности. Расположението и ставовите можат да бидат "заразни", па затоа дружете се со луѓе кои имаат позитивен став кон животот и се оптимисти. Избегнувајте пријатели и познаници кои постојано се жалат!
- Настојувајте да имате добар сон. Осум часа спиење е минимум за добро расположение и нормално функционирање во текот на денот. Обидете се секогаш да спиете во исто време. Само проветрете ја просторијата, вдишете од смирувачкиот микс етерични масла и никогаш не одете во кревет со лаптопот.
- Секој ден нарави нешто убаво за себе. Подготви топла бања со миризлива сол, наградувај се со некоја ситница, кажи на глас нешто позитивно за себе ....
Мора да сте логирани да напишете коментар.