Животот е убав - Промените зависат од нас, а не од околината

Проблеми на работно место, проблеми во домот.... Се чини дека некогаш се оди против нас. Но, дали е тоа така? Верувале или не од нас зависи каков живот ќе живееме. Се прашувате како? 

Многу е едноставно. Она што го посакуваме и она за што размислуваме, тоа и го привлекуваме. Доколку се разбудите ненаспани, затоа што сте размисувале за проблемите кои ве потиснуваат, верувајте сами си креирате нов таков ден, исти како претходниот. Повторно проблеми овој пат поголеми, повторно заплети, потворно нервози... 

Токму поради тоа промените во вашиот живот треба да започнат од вас самите. Не се ни трудите да ја промените околината. Тоа и доколку сакате не е во ваша моќ да го направите, а што е уште поважно, кога вие ќе се промените се менува и околината, поточно негативните луѓе сами се повлекуваат затоа што не им одговара вашата сега позитивна енергија, а на нивно место се појавуваат нови кои имаат слична позитивна енергија како вашата. 

Толку е едноставно, треба да се промените самите. Еве ви неколку аргументи кои треба да ви бидат водич кон подобро утре:

 Прво кога ќе се разбудите заблагодарете се на тоа што сте се рабудиле, што сте здрави, што го гледате новиот ден. Потоа бидете среќни што имете топол кревет, имате дом, имате семејство, имате храна. 

Сакајте се себеси, онакви какви што сте. Затоа што секој засебно е уникатен, посебен... Замислете дека вие сте мало дете. И наместо да му пружате љубов и внимание, вие да го вреѓате, бркате или омаловажувате. Тоа мало дете ќе почуствува бес и депресија. Токму поради тоа треба да зрачиме со љубов и позитивна енергија. или накратко кажано, она што го даваме тоа и го привлекуваме. Доколку зрачиме со несигурност, омраза или негативност тоа ни се враќа, но доколку зрачиме со љубов, ќе ја добиеме од сите места и дом и работа и пријатели многу поголема.

Доколку сакате да го промените вашиот живот почнете од себе уште денеска. Уживајте во природата, уживајте во животот. Применете ги овие совети веднаш, а резултатите се неизбежни за многу кратко време. 

Ништо во животот не доаѓа одеднаш. Ни доброто ни лошото. Затоа бидете стрпливи. Многу често се случува да почнат промени, но ние како заслепени да не сакаме да ги видиме. Затоа, едноставно пуштите животот да ви го покаже патот. Уживајте во денот, во ветрот, сонцето, дождот. Се има своја убавина. Неможе „дождот“ да ни е крив доколку не ни оди се по нашиот план. Зошто? Многу често се случува ние да си зацртаме план и правиме се тој да се реализира. Не! Така не треба да биде. Затоа што токму за нас „некој“ можеби има многу подобра иднина. Токму поради тоа се треба да се прима со благодарност. Едностано треба да сме опуштени и среќни, а нашето кога тогаш ќе си дојде. 

Само сетете се на одредени наслови во медиумите. „Задоцнил да го фати летот, па поради тоа преживеат несреќа! Или автомобилот не му палел, па избегнал тешка сообраќајна несреќа“. Ви се случило ли некогаш слично нешто. Верувам дека секој од нас има барем еден ваков или сличен пример. 

Во една песна се пее „Животот е убав за тој што знае да го живее“. Овој стих кажува толку многу. Токму поради тоа, живејте го вашиот живот онака како вас ви одговара. Секој од нас има еден живот, и токму поради тоа не дозволувајте никој да управува со него. Ние сме господари на нашиот живот. 

Живејте денес, за да не ви е криво за одредени мигови. Се, ама се во животот се случува еднаш. затоа уживајте денес, а утре - утре е нов ден. Сончев или не, тоа од нас не зависи, но затоа од нас и само од нас зависи како истиот ќе го поминеме. Дали ќе останеме дома затворени сами во една соба правејќи планови, кои никако неможе да ги реализирама, или пак насмејани ќе излеземе со пријатели па кој знае, можеби некој од нив ќе ни го направи денот посебен?

Се зависи од нас, верувај те ...

 

   

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот