,,Зошто?"

Го update fb**, дека сум почнала да студирам, дека сум се запишала на факултет.. и гледам коментари “Браво”. Ви се молам? Браво? За што браво? Што направив за браво? Од 1000 шо аплицираат 990 се примени. Тоа значи дека само 1% од тие што аплицирале не се примени. И ми викате браво.. Да си во 1% од нешто да успееш, во ред е браво да ти речат ама вака само ме збунува.

Зошто?

Си продолжил да живееш живот како нив, не си го следел сонот.. Не го имаш прошетано светот, не си направил ништо што ја потранува твојата духовна страна ама браво се запиша на факултет од кој нема да добиеш некое големо знаење.. Одиш само за да добиеш едно ливче, хартија кое што голема е веројатноста за ништо да не ти помогни понатаму во животот и само да фаќа прашина на некоја полица. И тие ти викаат браво..

Се жениш, се мажиш, имаш дете.. БРАВОО.

Направи нешто.

Му раскажуваш за тоа како работи технологијата, му кажуваш факти, му ги објаснуваш тие факти да сфатат за што точно не се согласуваш со нив. Значи да повториме ФАКТИ. Работи, теории кои се докажани, истражувани, проверени. И ти си неверник, ти си не знам веќе што..

Буквално како кучиња сме. Добро куче е она кое го слуша газдата.. така и нас не контролираат. Ако ги слушаме родителите ние сме добри деца, ако ги слушаме наставниците, професорите ние сме добри деца, добри луѓе. А, ако ги прашаме зошто не тераат да го направиме тоа одредено нешто? Ако прашаме зошто одредено нешто е така како што е? Зошто следиме одредени правила? Ние сме идиоти.. ние сме непослушни, вакви, такви.

Постојано влегуваме од еден магичен круг во друг. ,,Патријархалниот начин на живот" се заменува со феминизам. Се заменува со (наводно) борба за жените и женските права. Во која всушност само се потхранува патријархатот.

Ќе споменам тука и еден најдобар и наједноставен пример. 

Глад. Јадење. Внесување на храна во организмот. Мотив за храна (биолошки мотив). Се јавува тогаш кога ние чувствуваме некаков недостиг на храна. Според многубројни истражувања ние, луѓето, сите имаме свој природен регулатор за земање на храна баш тогаш кога ни е потребна и во толкава количина во која ни е потребна. 

Зошто тогаш имаме одредено време за јадење? Наводно појадок, ручек, вечера? Појадокот треба да биде од 8-10часот (во зависност од местото на живеење). Ручекот околу 14-15 часот. Вечерата да не биде после 20 часот. Зошто? Која е логиката на нештото? Океј, да речиме дека е направено нештото бидејќи во семејството во тоа време сите биле дома. Сепак, која е логиката? 

Зошто сега часот е 12:04? Зошто не е повеќе? Помалце? Зошто до 24? Зошто има 24 саати? Зошто не се 56? Зошто се 10 божји заповеди? Зошто не се 7 или 13?

Се прашувам зошто? И во 90% од ситуациите излегува дека и тие дотичните (професори, родители, роднини.. кои и да се) всушност не го знаат одговорот на прашањето и затоа е и таа нервоза. Заради тоа што тие цел го правеле нештото, а не се прашуваат зошто е тоа така? Тие цел живот следеле одредени правила, без да размислат зошто? Без да размислат дали тоа е она најдоброто за нив.. 

Можеби и некогаш размислиле.. којзнае. Можеби и ете, некој, некогаш пробал да смени нешто. Но, без разлика дали размислиле или дали некој/некоја пробал/а да смени нешто сепак ништо не е сменето.

Уживате во овој напис? Останете информирани претплатете се на нашиот е-весник!

Коментари

Мора да сте логирани да напишете коментар.

За авторот