До пред двеста години никој не знаел дека кенгурите воопшто постојат. Тогаш ги пронашле австралиските истражувачи и иселеници.
И кенгурот, како и многу други цицачи во Австралија, има торба. Повеќето животни со торби, познати како торбари, живеат во Австралија и на околните острови. Сите животни со торби сочинуваат посебен ред цицачи, познат под научното име Marsupialia, што значи „торбари“. Името го добиле по латинскиот збор marsupium, што значи торба или кесе.
Првите цицачи се појавиле пред повеќе од сто милиони години, уште во ерата на диносаурусите. Некои од ниве биле торбари, а други имале плацента. Цицачите со плацента своите уште неродени младенчиња ги хранат додека се наоѓаат во мајчиното тело. Кај торбарите, торбата на женката служи за истата намена. Нивните младенчиња се раѓаат неразвиени и малечки, па се развиваат и растат во мајчината торба.
Со промената на климата на Земјата, исчезнале и диносаурусите. Цицачите се развиле и размножувале различно. Цицачите со плацента се развивале и напредувале многу побрзо и поуспешно од торбарите. Мозокот им се развивал побрзо, а и за малите било неспоредливо подобро во почетниот стадиум да се развиваат и да растат во мајчината утроба, одошто во торбата.
Торбарите изчезнале од многу краишта на светот, зашто не можеле да опстанат во борбата со другите цицачи. Меѓутоа, ова не се случило во Австралија и Јужна Америка.
Научниците сметаат дека Австралија некогаш била поврзана со југоисточна Азија, можеби со низа острови или со провлак. Веројатно торбарите се рашириле по Австралија во времето кога таму воопшто немало цицачи со плацента. Немале соперници, па се развивале и напредувале во повеќе насоки.
Мора да сте логирани да напишете коментар.